Зајков: ЈП Исар во 2023 година работело за речиси двојно повеќе од претходно

Добивка од 33 милиони денари бележи извештајот за работа на ЈП Исар за 2023 година. Велат дека оваа добивка се должи на активности во кои ЈП ги превземало во насока на штедење, со што денес извештајот бележи позиривна добивка.

„Значи извештајот на работа на ЈП Исар во 2023 година бележи добивка од 33 милиони денари. Првенствено ова добивка се должи на активностите на кои јавнотот претпријатие ги превзема во насока на штедење, тоа се оние познати одлуки кои и самиот совет ги одобри и ги стави како позитива за пример од срана на јавното претријатие и мерките за среден рок на штедење. Дополнително механизмите кои ние како ЈП ги имплементираме при работењето и при реализиација вродиа намалување на трошковите. Поголемиот ангажман на вработените или оние ситуации кои ние ги наплатуваме од Општината Штип, а за реализацијата на програмата на ЈП се основата врз основата која ние во 2023 ја бележиме како 33 милиони денари, евидентирана добивка.“ – додава Зајков

Велат дека во 2023 година се извршени реконструкции на водоводни линии, со што на Општината имаат наплатено 17 милиони денари, за разлика од 2022 година каде имаат наплатено 10 милиони денари. Споредбено велат дека во 2023 година се работело многу за граѓаните

„Добивката е како што напоменав со контролните механизми, конкретни мерки, мерки на штедење со намалување на издатоци во основ на прекувремени плати, зголемената ефикасност на вработените. Паралелно ЈП во 2023 година има извршено реконструкции на водоводни линии, на Општината има наплатено 17 милиони денари, а во 2022 има наплатено само 10 милиони што значи дека ЈП во 2023 работело за 1,7 пати во однос на она што било како динамика втора година.“

Зајков вели дека главен причинител за оваа добивка се намалените трошоци на ЈП во однос на струјата. Со што споредува од 2022 и 2023 година каде во 2023 тришокот за струја е 20 милиони денари, а 2022 трошокот е 50 милиони денари. Вели дека добивката од минатата година ќе ја искористат за намлување на обрските во кои ЈП претходните години ги има наталожено како долг кон добавувачи.

Лаура Стојанова, М-Нет