По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Фото: скриншот

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во Изборна единица 3 на претстојните избори Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот претседател Стево Пендаровски, којшто е и кандидат на претседателските избори 2024 година, изјавил дека Гоце Делчев е Бугарин. Оттука, оваа рецензија носи наслов „по стоти пат“ дека Пендаровски такво нешто никогаш не рекол

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во Изборна единица 3 на претстојните избори Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот претседател Стево Пендаровски, којшто е и кандидат на претседателските избори 2024 година, изјавил дека Гоце Делчев е Бугарин. Оттука, оваа рецензија носи наслов „по стоти пат“ дека Пендаровски такво нешто никогаш не рекол

 

 

Драган Ковачки, од ВМРО-ДПМНЕ, пратеник и носител на листа за парламентарните избори 2024 година, во дебата во емисија на телевизија со национална концесија изрече невистина:

Дали вашиот претседател што го викате нашиот претседател кажа дека Гоце (Делчев) е Бугарин? ДА.

[Извор: Канал 5 ТВ – Само вистина/Драган Ковачки (15.30 мин.): датум – 25.04.2024]

 

Образложение:

Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во дуелот со носителката на листа од СДСМ Сања Лукаревска, а зборувајќи за тоа како бил прифатен „францускиот предлог“ и како не биле усвоени уставните измени, како и за тоа кој е поголем Македонец, во еден момент изрече невистина во врска со изјава на претседателот Стево Пендаровски и неговиот став за Гоце Делчев.

Ковачки, „по стоти пат“, не тој лично, туку и од неговата партија и пошироко тврдат дека Пендаровски изјавил дека Гоце Делчeв бил Бугарин. Оттука, „по стоти пат“ треба да се повтори прецизниот исказ на Пендаровски во интервју за 360 Степени во јуни 2019 година:

Неспорна историска вистина е, за сите што имаат малку сознанија од тој историски период, дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин. Но, дали не е историска вистина, стопроцентна, дека Гоце Делчев се борел за македонска држава, автономија, независна држава, па дури и на крајот оставил аманет неговите коски да почиваат во независна Македонија. Не постои ниеден документ кој вели дека Гоце Делчев се борел за голема Бугарија или Санстефанска Бугарија, изјави или став дека се борел за припојување на тогашната провинција во Османлиското царство Македонија, кон Бугарија. Значи неспорна историска вистина е дека се изјаснувал како Бугарин, во тој историски контекст, како што е неспорнa историска вистина и факт дека се борел за македонска држава  вели Пендаровски во интервјуто.

Ваквото тврдење на Ковачевски и од ВМРО-ДПМНЕ повеќепати било оценувано и како невистина и како спин од страна на „Вистиномер“, затоа што е неспорно дека идејата е преку константно и упорно повторување невистината да ја претворат во вистина.

Извори:

 

Оцени:Теофил Блажевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција