Полициски хеликоптер транспортираше македонски државјанин за подолготрајна медицинска нега од Унгарија во Скопје

Денеска од страна на Одделот за воздухопловни единици беше реализиран успешен транспорт на македонски државјанин од Унгарија во Македонија за да му се овозможи навремена медицинска нега, извести МВР.

Имено, имајќи ја предвид потребата да биде брзо пренесен во својата земја поради влошена здравствена состојба за време на неговиот престој во Унгарија, по добиено барање од ЦУК, македонскиот државјанин е преземен со полицискиот хеликоптер „бел“ 412, во содејство со претставници од Министерството за здравство и медицински тим од Градската општа болница „8 Септември“ и донесен во Скопје за понатамошна подолготрајна здравствена нега, соопшти МВР.

Текстот Полициски хеликоптер транспортираше македонски државјанин за подолготрајна медицинска нега од Унгарија во Скопје е превземен од МАКФАКС.