(ФОТО) Изгорена трева и остатоци од јагленисано возила во атарот на село Бразда

0
218
Изгорена трева и минимални остатоци од јагленисано возило. Тоа се трагите што можат да се видат на местото каде што бил запален автмобилот „цитроен“ со кој била грабната и транспортирана малолетната Вања.
Местото се наоѓа во атарот на село Бразда, на околу 500 метри воздушна линија од спортскиот аеродром Стенковец.
Вања, како што кажа министерот Спасовски, била врзана, ставена во вреќа за спиење, и транспортирана во багажникот од автомобилот до местото каде што потоа била и застрелана.
Фотографии: Огнен Чанчаревиќ
VOA