Легендарниот Хенес за Чаби: „Тој покажа карактер, а тоа го прави идеален за клупата на Баерн“

Легендарниот германец, Ули Хенес, бил еден од оние кои се убедувале да го убедат Чаби Алонсо да премине од Баер Леверкузен во Баерн Минхен. Сепак, како што вели и самиот, шпанецот бил вистински господин и кога го одбил.

„Алонсо ми рече: Направивме чудо, многу играчи се овде токму поради мене и не можам да го напуштам клубот во овој момент. Мојата сопруга веднаш рече: Ако има карактер нема да дојде, а ако нема тогаш ќе прифати и тоа би значело дека не е тренер за вас. И како и секогаш, таа беше во право. Чаби Алонсо има договор со Леверкузен во 2026-тата година. Го прашавме, не сакаше да дојде бидејќи има карактер. Ова го прави идеален за клупата на Баерн во иднина.“ – рече Хенес.

Ули Хенес најави дека името на новиот тренер на Баерн Минхен ќе биде познато во следните неколку седмици.

- Оглас -

Најнови вести