САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Од:

Соединетите Американски Држави денеска му дадоа гаранции на Високиот суд во Лондон што ги побараа во врска со случајот на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Во пресудата од 26 март, судот побара гаранции од САД дека Асанж ќе може да се повика на Првиот амандман и дека нема да се соочи со смртна казна по екстрадицијата.

„Оваа дипломатска нота не прави ништо за да го намали огромниот стрес на нашето семејство за неговата иднина, имено неговото очекување дека ќе го помине остатокот од својот живот во самица во американски затвор поради неговата наградувана новинарска работа“, рече сопругата на Асанж, Стела.

Американскиот претседател Џозеф Бајден на 10 април изјави дека неговата администрација го „разгледува“ барањето на Австралија да се откаже од деценискиот притисок на САД за кривично гонење на Асанж поради објавувањето на доверливи американски документи.

Во врска со изјавата на Бајден, Стела Асанж оцени дека „изгледа дека работите би можеле да се движат во вистинска насока“.

Асанж (52) се соочува со кривично гонење во САД по 17 обвиненија за шпионажа откако објави стотици илјади доверливи американски документи пред речиси 15 години на неговата веб-страница на Викиликс.

Поддржувачите на Асанж инсистираат дека тој е новинар кој ги разоткри воените злосторства на САД во Ирак и Авганистан, што беше во јавен интерес и дека тој е заштитен со Првиот амандман на американскиот Устав, кој ја гарантира слободата на говорот.

Би можело да ве интересира

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори

Адвокатите на Асанж: Политички мотивиран случај, имаме докази за заговор на ЦИА

Сопругата на Џулијан Асанж за можна екстрадиција во САД: Се работи за живот и смрт