Во Шпанија децата помлади од осум години ќе можат бесплатно да гледаат борби со бикови


Децата помлади од осум години, придружувани од возрасен, ќе можат бесплатно да гледаат борби со бикови во Севиља, а групите за заштита на животните предупредуваат дека тоа може да предизвика „психолошка штета“.

Борбите со бикови се критикувани подолго време, додека милиони граѓани потпишаа петиција за нивна забрана.

Децата се поканети да ги гледаат „новиладите“, кои се настани во кои учествуваат помлади бикови.

Компанијата „Паже“ рече дека тоа е „најдобар начин да се воведат малите во светот на борбите со бикови“.

Пред неколку дена, шпанското Министерство за култура ја укина националната награда за борба со бикови поради загриженост за животните, што наиде на осуда од љубителите на овој вид забава кои ги гледаат борбите како уметничка форма и дел од националниот идентитет.

Како една од причините за откажување на наградата, Владата наведе дека оваа форма на забава е од интерес за постарите луѓе, но не и за помладите генерации.

Хозе Енрике Залдивар, лидер на здружението за забрана на борби со бикови, смета дека кампањата на „Паже“ насочена кон децата е погрешна.

„Погрешно е што на децата им е дозволено да присуствуваат на овие тепачки бидејќи гледањето на животните како страдаат може да предизвика психолошка штета“, рече тој.

Андалузија, автономна јужна провинција со главен град Севиља, им дозволува на децата да влезат во арената без ограничувања.