Свет

Украинската војска се повлече од селото кај Авдеевка

Во Украина оштетени или уништени околу 170.000 згради, загинаа околу 10.000 цивили.

Украинската армија денеска потврди дека се повлекла од селото Ласточкина на западот на земјата, велејќи дека тој потег ќе помогне да се запре напредувањето на руската армија на запад.

„Украинските вооружени сили се повлекоа од селото Ласточкина, со цел да организираат одбрана и да го спречат непријателот да напредува во западниот правец“, изјави портпаролот на украинската војска Дмитро Лихови, пренесе Ројтерс.

Селото Ласточкине се наоѓа западно од градот Авдејевка, над кој руските сили презедоа контрола во средината на февруари.

На почеток