еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, фатени се со 599 фалсификувани бланко документи

Двајца македонски државјани се осудени на по пет години затвор, откако биле уапсени во петокот на граничниот премин Дојран при проверка за влез во Грција, пренесуваат грчките медиуми.

Грчката полиција кај нив пронашла 599 фалсификувани бланко документи – лични карти, возачки дозволи, дозволи за престој од разни европски земји, кои им биле одземени.

Кај едниот, во поставата на јакната, грчките полицајци, пронашле скриени вкупно 440 бланко документи, а при претресот на возилото во багажникот биле пронајдени уште 159 празни документи.

Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека Прекршочниот суд во Кукуш, двајцата ги прогласил за виновни за фалсификување и здружување со цел економска корист.

Според АНА-МПА двајцата обвинети за време на рочиштетот не откриле детали за нивните активности и се бранеле со молчење.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи лично се ангажирал да се ослободи Морина, поранешен припадник на ОВК

Редакција

Филипче: Нема никаков политички интерес во намалувањето на тестирањата за Ковид-19

Редакција

Селмани: Очекуваме претседателот во својот кабинет да има советник Ром/ка

Редакција