Си-Ен-Ен: Израел ги разгледа воените планови за одговор на Иран, но не е јасно дали е донесена одлукаСи-Ен-Ен: Израел ги разгледа воените планови за одговор на Иран, но не е јасно дали е донесена одлука

Израелскиот воен кабинет ги разгледа воените планови за потенцијален одговор против Иран за време на денешната речиси тричасовна средба, јави Си-Ен-Ен повикувајќи се на официјален претставник.

Воениот кабинет останува решен да дејствува, но во овој момент не е јасно дали е донесена одлука.

„Постои чувство дека Израел мора брзо да дејствува“, рекол официјалниот претставник.

Воениот кабинет, исто така, ги разгледа дипломатските опции за понатамошна изолација на Иран, што би можеле да се извршат како дополнување на воен одговор.