Матеус: Му верувам на Флик, Мусиала може да биде следниот Меси

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Лотар Матеус е фудбалерот со најмногу настапи на светските првенства (25) на сите времиња. Легендата на Бундеслигата за „Марка“ ја коментира денешната пресметка со Шпанија против која Германија нема право на грешка.

– Мислам дека поразот од 0:6 во Лигата на нации во 2020 година од Шпанија нема да има никакво влијание. Јасно е дека поразот од Јапонија ја става Германија во многу тешка позиција и ќе мора да се бориме за секој метар од теренот – вели Матеус.

Денешниот дуел помеѓу двете квалитетни европски селекции на Мундијалот во Катар ќе се игра од 20.00 часот.

– Гави и Педри ќе бидат предводници на новата шпанска генерација. Луис Енрике им верува и мислам дека тоа е правилно. Крос направи неверојатни работи за репрезентацијата, но сега има некој да го замени. Ги имаме Гундоган и Мусиала, а исто така и Кимих и Горецка – рече Матеус.

Поранешниот германски репрезентативец верува во работата на селекторот Ханси Флик.

– Пред четири години не успеавме во Русија, но сега може да биде поинаку. Атмосферата во тимот не е идеална, но верувам во Ханси Флик бидејќи многу добро го познавам. Џамал ​​Мусиала може да биде следниот Меси. Тој е одличен играч, а не ви го кажувам тоа затоа што е од Баерн. Тој е многу интелигентен и исклучителен професионалец – се зборовите на Матеус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот