Пролетниот распуст на учениците започнува во понеделник

Во понеделник започнува пролетниот распуст на основците и средношколците. Во период од 29 април до 6 мај учениците ќе бидат на пролетен распуст.

„Од понеделник децата се на пролетниот распуст што е новина во нашето образование.“ – изјави Петров

Инаку учебната 2023/2024 започна на први септември, а првото полугодие заврши на 29 декември 2023 година. Оваа учебна година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор на учениците започнува на 18 јуни и ќе трае до 31 август 2024 година.

Лаура Стојанова, М-Нет