ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Tанушевци не знаат какви понуди имаат и кој кандидат ќе ги застапува во Собранието

Tанушевци не знаат какви понуди имаат и кој кандидат ќе ги застапува во Собранието

Иако се одвиваат две предизборни кампањи паралелно, програмите на претседателските кандидати и политичките партии не стигнаа до жителите на дел од планинските села. Жителите на селото Танушевци велат дека не ни знаат какви понуди имаат и кој кандидат ќе ги застапува во Собранието. Тие се жалат дека со децении се соочуваат со истите проблеми, но никој не се грижи за нивните проблеми.

„Кампањата веќе започна, а ниту една партија, не дојде некој да не види како живееме, да ни вети нешто, да ни каже дека ќе бидам ваш претставник, не знаеме кој е нашиот претставник. Според моите информации, во Танушевци живеат над 1000 жители, имаат адреси во Танушевци… на денот на изборите доаѓаат гласаат тука. Но, тие секогаш гласаа напразно, го даваме гласот и никогаш повеќе не ги гледаме политичарите“,  рече Џемаил Јакупи, претставник на селото Танушевци.

„Никој не дошол тука да не праша, ниту пак некој се заинтересирал да дојде да види што ни фали. Не сум зависен од никаква политика, ниту пак зависам од некоја партија“, нагласи Емерла Вели, жител на селото Танушевци.

“Без електрична енергија, бандерите се скршени, никој не се грижи, видете како жиците паднале на земја, еден ден може да не изгорат, никој не доаѓа. Кога станува збор за гласови, сите трчаат, ајде да гласаме, како да гласаме, како да гласаме кога тука немаме услови. Само избори кога се приближуваат, велат ќе асфалтираме ама парцијално, прават нешто колку да се каже. Денес никој не доаѓа да не праша како живееме “, додаде Сефер Џафери, жител на село Танушевци.
Поради тешките услови за живот и локацијата каде се наоѓа, Танушевци масовно се празни./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button