Зеленски:Цената на руската нафта да биде меѓу 30 и 40 долари за барел

68
Цената на руската нафта која доаѓа по морски пат би требало да биде ограничена по барел, што е пониско од нивоата кои ги предложи Групата 7, изјави денес претседателот на Украина Володимир Зеленски.

Владите на Европската унија кои се обидуваат да ја ограничат способноста на Москва да ја финансира војната во Украина без да предизвика шок во снабдувањето со нафта се поделени околу притисокот на Г7 горната граница да се постави од 65 до 70 долари за барел, објави Ројтерс.

Одлуката треба да стапи во сила на 5 декември.

Лимитот што се разгледува денеска, околу 60 долари, мислам дека е вештачка граница“, рече Зеленски на прес-конференцијата.

Според него, санкциите треба да бидат многу ефективни за Русија да ги почувствува, така што границата е на ниво од 30 до 40 долари за барел.

Идејата зад ограничувањето на цената на нафтата е да се забрани превозните, осигурителните и реосигурителните компании да ракуваат со руската сурова нафта ширум светот, освен ако не се продава по цена пониска од цената што ја поставија Г7 и нејзините сојузници, соопшти агенцијата.

Полска, Естонија и Литванија се за многу пониска гранична цена од 65-70 долари за барел, додека Грција, Кипар и Малта сакаат повисока гранична цена, наведува Ројтерс.