Вести Македонија Топ вести

Притвор за зетот на Заев и разрешување на стечајниот управник на неговата фирма – барање на адвокати на австриска фирма која побарува над 4 милиони евра

Притвор за Атанас Костов, управител на компанијата „Феникс Аграр“ (поранешна „Дена продукт“) и зет на екс премиерот Зоран Заев, побараа адвокатите на австриската фирма „АММА увоз извоз Австрија“ на денешното рочиште за стечајната постапка која се води во Основниот граѓански суд во Скопје. Мерката е побарана, бидејќи Костов сè уште ја нема дадено книговодствената документација за фирмата за која се води стечај, објави Фокус.

Австријците, како што наведува порталот, имаат побарувања од над 4 милиони евра од „Феникс Аграр“. Адвокатскиот тим на „АММА увоз извоз Австрија“ побара разрешување и на Драги Димовски, стечаен управник од Струмица кој ја води стечајната постапка.

Оранжериите на „Дена продукт“, и покрај стечајната постапка, продолжуваат со производство и тоа за Атанас Костов кој ги користи стаклениците без надомест. Димовски не се противел за тоа, бидејќи, како што рече, веќе биле засадени култури кога била отворена стечајната постапка.

Освен Австријците, побарувања пријавила и компанијата „Вики трејд“, каде е сместена сега документацијата на должникот, факт кој го потврди и стечајниот управник, како и фирмата „Џокер“ од село Фурка, Дојран, која е предлагач на стечајот.

Фирмата „Глобал трејд“, пак, на сопругата на Костов, Емилија Костова-Заева пријавила побарувања од 5 милиони евра, што е процентуално повеќе од австриската фирма, па сега постои опасност парите што ги должи Костов, основач и управител на „Дена продукт“, да му се вратат пак нему, наведува Фокус.

Случајот беше обелоденет пред повеќе од една година кога „Фокус“ објави сторија дека валандовска компанија го прекршила договорот со австриски инвеститори за извоз на корнишони, па Арбитражниот суд во Виена пресудил фирмата да плати 4 милиони евра.

Пресудата во Виена била донесена на почетокот на 2023 година, но додека траел арбитражниот спор, сопственикот на „Дена продукт“ – Атанас Костов ги префрла вработените и парите на друга компанија. Тоа е друштвото „Глобал трејд“, на неговата сопруга, но и по една година, иако беше поднесено обвинение, отштетата не може да се наплати.

Овошје и зеленчук, реновирање, авионски карти со најголемо поскапување, зејтинот, мастите и природниот гас најмногу поевтиниле-Што ја скрои годишната инфлација од 4%

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дебата на ТЕЛМА: Претседателските кандидати Пендаровски и Силјановска пред вториот изборен круг

Дејан Дејан

Излетничките места полни со граѓани за 1-ви Мај

Дејан Дејан

Европски фронт и Вреди уште не решиле дали и за кого ќе гласаат на вториот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе