7.8 C
Скопје
23:46 - 25 април, 2024

Естрадните уметници и образованието, кој за што учел: Карлеуша сменила три средни училишта, а Северина има „диплома“ голем одмор

Вечни студенти, со диплома од средно, со курс или само со осмолетка отсек голем одмор, еве со какво образование располагаат естрадните уметници кои го дрмаат регионот, и кај нас. Сепак, некои можат да се пофалат и со диплома, но најчесто од промашен факултет.

Неда Украден со две факултетски дипломи

Иако кариерата ја изградија благодарение на талентот за пеење, ретко кој знае нешто повеќе за формалното образование на познатите регионални личности, вклучувајќи ја и македонската естрада. Да почнеме од регионалната сцена, актуелна и кај нас. Српската пејачка Неда Украден е една од ретките од поранешно-југословенската естрада која може да се пофали дека дипломирала на два државни факултети – англиски јазик и литература и правен факултет во Сараево. Професионално почнала да се занимава со музика од рана возраст, на 17 години ги снимила своите први песни и се прославила низ поранешна Југославија. Иако имаше блескава кариера, таа не се откажа од образованието.

Една од најголемите ѕвезди на овие простори, Здравко Чолиќ, дипломирал на Економскиот факултет во Сараево. И можеби ќе станел сметководител или вработен во банка, ако Чолиќ не бил забележан од композиторот Корнелије Ковач. И покрај тоа што бил прва година на Економскиот факултет во Сараево, се преселил на шест месеци во Белград за да ја стартува музичката кариера, а потоа се вратил во Сараево да го заврши факултетот и да ја исполни желбата на родителите станувајќи дипломиран економист.

Јелена сменила три средни училишта

Популарната српска пејачка Јелена Карлеуша редовно привлекува внимание со својот бурен живот. Сепак, она што малкумина го знаат е со какво образование се стекнала пејачката. По завршувањето на основното училиште, Јелена се запишала во Земунската гимназија, но поради сплет на околности се префрлила во друго училиште, според упатени од нејзината генерација, станува збор за средно трговско. Сепак, таа своевремено рече дека по основно училиште „завршив гимназија, а потоа вонредно завршив туризам и музичко“.

Како и да е, Јелена е позната и по тоа што е единствената во семејството која нема завршено факултет. А според некои српски медиуми кои се позанимавале со истражување за образованието на Карлеуша, таа сменила три училишта. Според зборовите на нејзините професори, била најлошата ученичка и им олеснило кога си заминала.

Северина од школо има само голем одмор

Северина, легендарната хрватска пејачка, не може да се пофали со завршените школи. Музичката кариера ја започнала кога имала само десет години, а според хрватските медиуми, никогаш не завршила ни средно училиште. Слична е и образовното портфолио на пејачката Александра Пријовиќ, која се впуштила во естрадните води многу млада, па со оглед на тоа што кариерата ѝ тргнала, го напуштила средното техничко училиште и преминала на вонредно школување, за на крај и тоа да го запостави.

Според босански „Фокус“ средно училиште не завршила ни Весна Змијанац. Сепак, се стекнала со диплома од курс за брзо пишување. Српската пејачка и текстописец Едита Арадиновиќ има само осмо одделение, а се отпишала од средното техничко училиште, поточно од отсекот дизајн на кожа, зашто ѝ станало здодевно.

Основно училиште имаат и Дара Бубамара, Љуба Аличиќ, Ера Ојданиќ, Зорица Марковиќ и Злата Петровиќ.

Веројатно малкумина знаат дека починатиот Џеј Рамадановски имал диплома за автолакер, дека Халид Бешлиќ по професија е столар, а Халид Муслимовиќ е обработувач на метал. Денес богаташката Драга Мирковиќ има завршено средно училиште, како и Јелена Розга – средна балетска гимназија во Загреб. Нада Топчагиќ е со средно кожарско, а Сека Алексиќ по професија е фризерка. Суперпопуларната Цеца Ражњатовиќ посетувала земјоделско училиште во Алексинац, но не ѝ одело, па се префрлила во ветеринарно училиште во родната Житораѓа, на отсекот свињарство.

Каролина и Елена дипломирани јазичарки

Од македонската музичка сцена, повеќете од пејачите кои завршиле средно музичко продолжиле на Музичката академија во Скопје, а со диплома се стекнале Андријана Јаневска, Тијана, Тамара Тодевска, Елена Петреска, Сузана Турунџиева… Особено богато образовно портфолио има Андријана Јаневска, денес магистер и вонреден професор по соло пеење. За време на средното музичко образование посетувала дополнителна настава по диригирање и композиција, и активно учествува на семинари по виолина кај виолинистите Марина Јашвили и Благоја Димчевски.

Сестрите Тања и Лидија Кочовска можат да се пофалат дека се од оние кои работат на струката. Тања – иако фантастично пее – работи како глумица, по завршувањето на Факултетот за драмски уметности, додека Лидија, вработена во Хорот на МОБ, дипломирала на инструментот обоа на музичката академија во Скопје.

Интересно е што популарните Каролина Гочева и Елена Ристевска дипломирале на државниот Филолошки факултет, првата англиски јазик и книжевност, а другата – на Катедрата за италијански јазик и книжевност. На оваа група лингвисти се придружува и водителката Лила, која иако завршила средно медицинско, дипломирала на Катедрата за македонски јазик и книжевност. Инаку, средно медицинско, отсек стоматологија, завршила и водителката Снеже Велков. „Забен техничар станав по желба на татко ми, иако медицината никогаш не ме привлекувала – рече своевремено Снеже, која има диплома за професор по италијански јазик и книжевност.

Со Филолошки факултет е и Мијата, завршила на отсекот англиски јазик, а денес таа е успешна во секторот за контрола на летање.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....