📷На продажба Kimera EVO37 Martini 7 за 1.365.635 евра

од Vladimir Zorba

Компанијата Kimera Automobili неодамна го претстави моделот EVO38 со погон на четири тркала и поголема моќност во однос на претходникот, меѓутоа овој модел не ја „украде“ магијата на моделот EVO37 кој има само погон на задните тркала. Најпосебниот примерок од серијата, уникатниот Martini 7, се појави на пазарот на половни автомобили, а има поминато само 322 километри.

Според Klix.ba, Kimera EVO37 е многу редок примерок на рестомод базиран на Lancia 037, имајќи предвид дека беа произведени само 37 примероци, но само еден од нив беше подложен на третман Martini 7. Токму овој пример е прикажан на фотографиите и тоа е специјално издание создадено во чест на седумте WRC титули освоени од тимот на Martini во периодот од 1983 до 1992 година.

Kimera EVO37 Martini 7 е придвижуван од 2,1-литарски турбо мотор со суперполнач кој развива 557 КС, што значи дека овој модел е помоќен од стандардниот рестомод со 507 КС. Масата на автомобилот е намалена на околу 1.100 кг.

Автомобилот се нуди на продажба по цена од 1.170.000 фунти, односно 1.365.635 евра, без трошоци за испорака.

„Оригиналната“ цена на моделот EVO37 Martini 7 никогаш не била јавно обелоденета, но познато е дека стандардните примероци чинат меѓу 480.000 и 540.000 евра.

Слични содржини