Димитров го растури Алкарас, Шпанецот призна дека играл како 13-годишно дете (Видео)

Бугаринот Григор Димитров станува „криптонит“ за шпанскиот супертенисер Карлос Алкарас, вторпат по ред го победи во меѓусебните дуели, овојпат во Мајами, каде што Алкарас беше прв носител и ја бранеше титулата од лани.

Димитров славеше со 6-2, 6-4 и ќе игра во полуфиналето против Александер Зверев, додека другата полуфинална двојка е Медведев – Синер.

Алкарас призна дека целосно бил надигран.

„Тој одигра одличен тенис, речиси перфектен. Не најдов никакви решенија против него. Многу сум разочаран, тој ме натера да се чувствувам како 13-годишен“, беше коментарот на Алкарас.

Погледнете го најубавиот потег на Димитров на мечот, по кој и Алкарас му аплаудираше:

- Оглас -

Најнови вести