Денеска е 1. април – Светскиот ден на шегата

Денеска е 1 април, денот кога луѓето ширум светот прават разни шеги меѓу себе, а оние со кои се шегуваме најчесто велат: Априлили!

Историјата на овој ден и првоаприлските шеги не е сосема јасна и утврдена, но се претпоставува дека се работи за промена на календарот, поточно пред неколку векови многу земји преминале од јулијанскиот во грегоријанскиот. Во некои региони, луѓето кои го воделе стариот јулијански календар не биле свесни за промените, па сепак ја прославувале Новата година кон крајот на март или почетокот на април. Кога другите луѓе ја славеле Новата година на 1-ви јануари, тие се шегувале.

Нешто поинаква претпоставка е дека тоа е пролетен ден кој по правило треба да донесе посветло расположение, заминување на мрачните зимски денови.

Во светот низ годините можат да се видат многу шеги, а една од оние што го привлече вниманието на многумина беше шегата на Би-Би-Си со таканаречената „жетва на шпагети“. Имено, во 1957 година Би-Би-Си емитуваше документарна програма наречена „Тековната жетва на шпагети“ во која се прикажани швајцарски фармери како берат шпагети од дрво.

За каква форма на шега и да се одлучите денес, треба да внимавате никого да не повреди и пред се да биде безопасна.

Насмевнете се денес бидејќи веќе е познато дека смеењето ослободува ендорфини, кои се „хормони на среќата“.

Scroll to Top