Резултатот се однесува на пребројани околу 8% од избирачките места и 2,3% од избирачите
Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова, има освоено 86 688 гласа наспроти 34 450 кои ги добил кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски. Ова се првичните неофицијални податоци од најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, на пребројани околу 8% од избирачките места, односно 2,3% од избирачите.
Според ВМРО-ДПМНЕ, на тој примерок, избројани се и 5 137 неважечки гласачки ливчиња, односно околу 4,07% од вкупниот број гласачки ливчиња.