Заменик на шериф од Флорида по грешка уби војник во неговиот дом

Од:

Полицијата во Флорида објави видео снимено од униформата на заменикот на шерифот кој случајно уби војник во својот дом. Како што јавува Би-Би-Си, членот на воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави, Роџер Фортсон (23) починал во болница откако итно бил пренесен во болница по инцидентот.

Адвокатот на семејството на жртвата, повикувајќи се на сведоци изјави дека полицијата по грешка влегла во неговата куќа. Полицијата ги оспорува овие тврдења, велејќи дека заменикот на шерифот дејствувал во самоодбрана откако го видел Фортсон вооружен со пиштол.

Инцидентот се случил на 3 мај, на помалку од десет километри од базата Харлбурт Хил, каде што бил стациониран авијатичарот. Заменикот на шерифот кој го уби Фортсон е на административно отсуство и неговиот идентитет не е објавен.

Шерифот на округот Окалуса, Ерик Аден, потврди дека е започната истрага за инцидентот, ветувајќи дека ќе биде „темелна и транспарентна“ и дека ќе биде потребно „некое време“ за да се заврши.

Би можело да ве интересира

Маж од Мисури си ја убил сопругата бидејќи не можел да и ги плаќа болничките сметки

Тело на бостонски полицаец пронајдено во снег: Неговата девојка е обвинета за убиство

Во САД: Малолетник со пиштол уби крадец

Во Њујорк: Убиени се четворица членови на семејство, меѓу кои и две деца

Горан Наумовски

Телото на жена е пронајдено во страшна состојба со дури седум убоди

Горан Наумовски

Пукање во Орландо, убиен напаѓачот на двајца полицајци

Горан Наумовски