Ќе останеме на зборот како што го одржавме дека нема да има уставни измени, вели Николоски за евентуална соработка со ДУИ

од Nikola Popovski

Пратеникот Александар Николоски е дециден во ставот дека неговата партијата ВМРО-ДПМНЕ нема да има соработка со ДУИ во заедничка влада после 8-ми мај. Според него, исклучена е секаква соработка со лидерот на ДУИ, Али Ахмети во било која варијанта.

-Ние ова ќе го реализираме и нашата поддршка после изборите ќе расте затоа што ќе видат дека го држиме зборот како што го одржавме дека нема да има измени на Уставот под бугарски диктат и немаше, истакнал потпретседателот на партијата и носител во ИЕ 4.

Николоски потенцирал дека има неколку помали политички партии од македонскиот кампус кои му слугуваат на Али Ахмети свесно или несвесно.

-Има неколку помали политички партии од македонскиот политички кампус кои му слугуваат на Ахмети свесно или несвесно и му прават услуга, но дури и со нивното слугување пак нема да успее на Али Ахмети тактиката и стратегијата. Ако видите во првиот круг имаше седум кандидати за претседател, во вториот нормално влегуваат двајца според Уставот, од останатите 5 кандидати еден беше про владин тоа е Бујар Османи и четири беа про опозициски, овие четири до денес ја немаат поддржано Гордана Силјановска Давкова што е најнормалната работа да ја направат ако се опозиција. Што значи дека или немаат елементарно чувство за државата или се заслепени од сопствениот неуспех и тоа што не можат да си го признаат неуспехот или свесно или несвесно работат за ДУИ и Али Ахмети односно за власта, изјавил вториот човек во ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски пред неколку дена соопшти дека идната влада ќе ја предводи неговата партија, а во нејзе ќе биде коалицијата која на овие избори настапи под името „Влен“.

Од ДУИ пак и со став дека народот одлучува на кој же му ја даде довербата за да биде дел од идната влада. Министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи ниту негираше ниту отфрли можна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини