Влатко Стефановски пишува автобиографска книга: Најтешко ми беше кога ми починаа родителите, сопругата и братот Горан

2953

– Моите најтешки периоди во животот беа оние кога почина мојот брат Горан Стефановски, кога ми починаа родителите, но и пред седум години, кога почина мојата сопруга, која беше по потекло од Нови Сад – вели 67-годишниот македонски музичар Влатко Стефановски, кој, по подолги успешни години на естрадната сцена, сега пишува книга.

Во книгата ќе има поглавја и за овие тешки настани, за кои зборуваше неодамна пред ТВ-камерите на Хрватската телевизија. Како најсреќни моменти во животот, тој ги смета оние години кога му се родиле ќерката и синот. Но, секако дека чувствува среќа и поради својот најнов албум „Muscle Memory“, кој ќе биде објавен за неколку месеци.

Во книгата, Влатко раскажува за својот живот како за еден голем и многу стрмен тобоган.

– Поминав сè и сешто, доживеав врвови во кариерата, но доживеав и многу драматични нешта на приватен план. Го ставам сето тоа на кантар. Во минатото, се занимавав со пишување, на различни начини. Напишав многу интервјуа, кои се како есеи, многу текстови, а сега можам да напишам и мемоари.

Кога ќе се појави оваа книга во книжарниците ширум поранешна Југославија, сè уште никој не знае, бидејќи Влатко уште ја пишува. Има три нови поглавја за пишување, кои ги опфаќаат најтешките моменти од неговиот турбо интересен живот.   Д.М.