Принцот Вилијам првпат во јавност откако се дозна дека Кејт има рак: Сите погледи беа вперени во него, а еден детаљ забележаа сите

Принцот Вилијам денеска се врати на службените должности за првпат откако неговата сопруга Кејт Мидлтон пред четири недели откри дека боледува од рак.

Принцот од Велс ја посети добротворната организација за вишок храна Surplus to Supper во Сари, каде што ќе помогне во кујната и ќе ги товари подготвените оброци во возилата за испорака. Сите погледи беа вперени во него и се забележуваше дека принцот е добро расположен.

Вилијам потоа ќе отпатува во младински центар во Западен Лондон кој е корисник на оваа организација.

Изминатите три и пол недели Вилијам ги помина со сопругата и децата, додека принцезата се опоравува од тешката болест.

Принцот последен пат присуствуваше на јавен ангажман на настан за бездомници во Шефилд на 19 март – три дена пред Кети да открие дека има рак.

Организацијата Surplus to Supper, основана во 2017 година, собира и дистрибуира во просек по 10 тони храна неделно во банки за храна, училишта, старечки домови, верски организации и младински центри.

Во седиштето на добротворната организација, Вилијам се сретна со волонтери чија цел е да го затворат јазот помеѓу фрлањето храна и гладот ​​низ Сари и Лондон.