Почетна Вести Регион МПЦ-ОА ќе оди на опело на Патријархот Неофит – кои други цркви ќе дојдат?
МПЦ-ОА ќе оди на опело на Патријархот Неофит – кои други цркви ќе дојдат?

МПЦ-ОА ќе оди на опело на Патријархот Неофит – кои други цркви ќе дојдат?

517
1

Делегација на МПЦ-ОА ќе присуствува на ополето на починатиот бугарски Патријарх Неофит, објави Митрополитот на Варна, Јован, кој времено го води Синодот на БПЦ.

Тој за бугарските медиуми посочи дека покани испратиле до сите поглавари, а потврдно досега добиле од македонската, албанската и од српската православна црква. Но засега е непознато дали во Софија ќе патува Архиепископот Стефан или делегација од други владици. Српскиот Патријарх Порфириј сосема јасно е дека нема да оди во Софија, затоа што истиот ден е во Москва на погреб на починатиот епископ Антониј. Таму заедно со рускиот патријатрх ќе го отслужат опелото, што значи дека во Софија нема да дојде ниту рускиот патријарх.

Досега БПЦ не добила потврда од Руската црква, дали ќе испрати свои претставници в сабота на погребот на Патријархот Неофит.

Веќе беше објавено дека опелото ќе го служи Вселенскиот патријарх Вартоломеј, во сослужение со останатите претставници на помесните цркви. Ако дојде делегација на Руската црква, тогаш тоа ќе биде прво сослужување на архиереи од Вселенската патријаршија и Руската црква, откако Патријархот Кирил одлучи да ја екскомуницра Вселенската патријаршија и уште три други цркви кои ја признаа автокефалноста на Православната црква на Украина.

Коментар(1)

  1. Делегација може да дојде, но, не мора да значи дека ќе сослужува. И наша делегација беше на погребот на патријархот Максим, ама не сослужувавме. И од екскомуницирањето досега, многу пати владици од сите цркве се сретнале на многу места и присуствувале на богослужби ама не сослужувале (пример во дијаспората, Германија, Јужна Америка, САД, Канада и тн.).
    Имаш инфо господине новинару, ама толку разбираш … а некогаш нема ни кој да ти шепне …

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *

02-newstube-banner-728×90