Гласајте за Буквално Секој Друг


„Мило ми е, Буквално Секој“, вели кандидатот за претседател на САД со ракувајќи се. Многу американски гласачи ќе помислат дека токму тој ги сумира нивните чувства за овогодинешните избори. „Моето име е Буквално Секој Друг и се кандидирам за претседател на САД“, објаснува 35-годишнниот учител од Тексас.

Дастин Ибеј законски го сменил своето име за да ја изрази својата фрустрација што овогодинешната претседателска трка повторно ќе ги види старите непријатели Џо Бајден и Доналд Трамп. Станува збор за атрактивен медиумски трик кој бараше надминување на многу бирократски предизвици, но Ибеј има причина да го прави тоа. Тој објаснува дека тој и неговата сопруга не можат да си дозволат да купат куќа од платите за настава.

„Мојата генерација и помладите, се бориме да најдеме место за живеење. Се бориме со основни работи за кои пред 20, 30 години никој не се грижеше. Кога ја погледнав американската политичка сцена, не почувствував дека таа ме претставува мене, не само мене како поединец, туку и Америка како целина. Не можете да ми кажете дека овие двајца се најдоброто што можеме да го направиме“, изјави тој за AFP.

Ибеј, професор по математика во средно училиште, има своја агенда за образованието, криминалот, здравствената заштита и даноците, но тој вели дека навистина барал начин да покаже дека е потребно „за да се ресетира американската политика“.

Затоа, тој законски го сменил името во суд и сега собира потписи за неговата кандидатура. Минатиот викенд се појави во парк во центарот на Далас, постави маса и вредно нареди пенкала и хартија за собирање потписи. Носејќи маица за промоција на неговата кампања, мавташе со возачката дозвола за да докаже дека навистина го сменил своето име.

Некои љубопитно го гледаат, други се смеат и го фотографираат. Тој се обидува да им се обрати, иако не секогаш има среќа. Но, одвреме-навреме добива понекој обожавател.

„Тој е гласот на оние кои сакаат кого и да е освен овие двајца. Затоа гласам за овој човек. Во овој момент, секој може да заврши подобра работа од Доналд Трамп или Џо Бајден. Тоа е мое мислење”, вели 28-годишниот Брендон Риос, кој работи во финансискиот сектор.

Пензионерот, 68-годишниот Винсент Џејмс вели: „Го ценам тоа што го прави, но мислам дека нема да биде многу ефикасно“.

Според законот во Тексас, потребни се 113.000 потписи на гласачи кои не учествувале на партиските прелиминарни избори за да се додаде кандидат на гласачкото ливче.

Доколку на Буквалниот тоа не му успее, постои и „план Б“. Имено, многу американски сојузни држави им дозволуваат на гласачите да го напишат името на личноста што сакаат да ја изберат на гласачкото ливче. Потоа останува само победата, инаугурацијата и животот во Белата куќа.

- Реклама -