Пукање на матурска прослава во САД, има жртви

од Stefanija Kuzmanovska

Две лица се убиени, а неколку се ранети во пукање кое се случило во американската сојузна држава Вирџинија за време на матурска прослава, соопшти полицијата.

„Маж вооружен со четири пиштоли уби две лица и рани пет други кога отвори оган врз толпата на матурска церемонија во Ричмонд, Вирџинија, во вторникот“, соопшти полицијата.

Полицијата додаде дека го уапсила осомничениот, 19-годишно момче кое се познавало со една од жртвите и се верува дека се не бил во добри односи со неа.

Слични содржини