„Вујо Мајсторе“ по два месеца си замина од Нексе

Веселин Вујовиќ пред два месеца пристигна на клупата на Нексе, а поранешниот македонски селектор храбро најавуваше дека е подготвен да го симне Загреб од тронот на хрватскиот ракомет.

Не само што тоа не се случи, туку Нексе одигра неколку катастрофални средби, па по последниот дуел со Пореч сега е неизвесно дали тимот од Нашице ќе успее да стигне до второто место во хрватскиот шампионат. По сето ова, раководството на клубот денеска реши да ја прекине соработката со Вујовиќ, кој денеска се поздрави со своите ракометари и си замина од Нашице, препуштајќи му го свото место на довчерашниот асистент Крешо Иванковиќ.

„Очигледно е ека шок-терапијата не успеа да ја размрда екипата. Одлуката ја донесов по мечот со Пореч, меч што моравме да го добиеме и по кој јас изјавив дека ми е срам што не успеавме да славиме. Морален чин беше да си понудам оставка, а во разговорите со управата се согласивме дека најдобро за сите е што поскоро да се разделиме. Во Нашице ми беше прекрасно и со себе ќе носам само убави спомени, на сите во клубот им посакувам многу среќа во иднина“, изјави Веселин Вујовиќ.

Се вчитува...