Челси со „петарда“ за Вест Хем, Брајтон ја совлада Астон Вила (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челси го одиграа еден од најдобрите натпревари сезонава откако на домашен терен го декласираа Вест Хем јунајтед совладувајќи го со 5-0 во меч од 36. коло во Премиерлигата.

Водство за домаќините од 1-0 донесе Палмер во 15. минута од мечот. Во 30. минута веќе беше 2-0 откако прецизно стрелаше Галагер, а до полувремето на 3-0 зголеми Мадуеке во 36. минута. 4-0 беше во 48. минута со погодокот на Џексон, додека конечните 5-0 ги постави истиот фудбалер во 81. минута.

 

Chelsea [5] – 0 West Ham United – Nicolas Jackson 79′
byu/ganiganiu insoccer

 

Во вториот меч од денешната програма од 15 часот Брајтон на домашен терен славеше против Астон Вила со минимални 1-0. Клучниот момент во мечот се случи во 87. минута кога Жоао Педро донесе победа за својот тим, откако две минути претходно не реализираше пенал.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...