Жена нападнала новинар, а подоцна и полицаец

Вчера во 23.20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода В.Ј.(60) од Скопје, информира МВР.

Како што соопштува МВР, Таа, претходно, на улицата „Трајче Стрезоски“ во Кичево физички го нападнала Ф.С.(33) од Скопје и ја оштетила неговата службена опрема, а потоа во службените простории на ОВР Кичево, каде била повикана на разговор, физички го нападнала полицискиот службеник и го уништила изготвениот службен материјал.

По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e