Загрижувачка фотографија од тренингот на Реал: „Само да е сè во ред“

Екипата на Реал Мадрид утринава го одржа последниот тренинг пред првенствениот натпревар со Мајорка, кој на програмата е утре. Сепак, загрижувачка слика се појави од тренингот на Кралевите. Родриго по еден дуел доби удар, па мораше да го напушти тренингот, а не е познато дали се работи за посериозна повреда.

Од Реал Мадрид сè уште нема информација каква е состојбата на фудбалерот и дали воопшто ќе може да настапи утре, а веројатно под знак прашалник е доведен и настапот на реваншот против Манчестер сити во среда, што би претставувало навистина голем удар за Кралскиот клуб.

Информацијата на социјалните мрежи ја сподели навивач на Реал Мадрид, кој на објавата напиша: „Само да е сè во ред“.

- Оглас -

Најнови вести