Американскиот производител на спортска опрема „Најк“ наиде на големи критики откако објави како изгледа опремата што ја подготвил за спортистите што ќе настапат на Олимписките игри во Париз.

Несомнено е дека спортистите од САД ќе бркаат бројни медали, но опремата за нив предизвика многу негативни коментари на социјалната мрежа „X“.

Имено, порталот „Citius Mag“ објави модели на машка и на женска опрема на својата официјална страница и набрзо наиде на удар на бројни коментари.

Главната замерка е што опремата премногу разоткрива, особено женскиот комплет.

  • Ова е смешно. Јас сум мајка и не можам вака да се појавувам во јавноста. Каде се дресовите? – праша двојната параолимписка шампионка Фемита Ајанбеку.

Свое мислење дадоа и љубителите на атлетиката.

„Дали е дизајнирано ова од некој секс-зависник?“, „Зарем не е доволно што ги гледаме голи гимнастичарките и пливачките?!“, „Едноставно, само откријте им ја целата вагина, и тоа е тоа. Кој може да трча во ова без да покаже сè?!“, се вели во бурните коментари на социјалната мрежа.