Австралиската новинска агенција АПА жртва на сајбер напад

35

Австралиската новинска агенција АПА беше предмет на сјабер напад, а според соопштението на агенцијата погодени се ИТ системи, кои веднаш се изолирани.

Производството на вести и работата на системот не се прекинати, се додава во соопштението.

„Како компанија бевме подготвени за такво сценарио и веднаш воспоставивме кризен штаб кој ќе го истражи нападот. Како итна мерка ги изолиравме погодените системи и спроведовме безбедно повторно нивно воспоставување“, наведува АПА.

Засега нема информации за настана штета ниту за напаѓачите.

Нападот е пријавен до надлежните власти, кои покренаа истрага.