Top Sport

Вардар го победи лидерот Струга, Шкупи загуби од Брегалница

Foto/ facebook.com/FKVardarSkopje

Фудбалерите на Вардар го победија лидерот во првенството и актуелен шампион, Струга со 1:0. Со овие три бода, Вардар се оддалечи од опасната зона. Во борбата за опстанок се вратија и фудбалерите на Брегалница. Тие на домашен терен минимално го совладаа второпласираниот Шкупи.

Вардар на стадионот во Маџари славеше против Струга со голот на Ѓуриќ во 73. минута. Вардар со 30 поени е осми на табелата. Струга и покрај поразот остана на првата позиција. Струѓани имаат три бода повеќе од Шкупи.

Шкупи загуби од Брегалница со 1:0. Единствениот гол го постигна Ѓоргиев по само седум минути игра.

Работнички освои бод во Охрид, на гостувањето кај Воска спорт. Марушиќ погоди за Воска во 20.минута, изедначи 11 минути подцна Стојановски.

Македонија во Ѓорче Петров освои бод во дуелот со Шкендија. Гостите водеа со голот на Красничи од 23.минута, Македонија изедначи преку Жилберто во 35.минута. Шкендија вториот дел го играше со фудбалер помалку, во 45.минута црвен картон доби Крстевски.

Резултати:

Брегалница-Шкупи 1:0
Македонија ЃП-Шкендија 1:1
Воска спорт-Работнички 1:1
Вардар-Струга 1:0
Тиквеш-АП Брера 3:1

Табела:

Scroll to Top