Феенорд и Ливерпул ќе се договорат за Слот во следните 48 часа

од Vladimir Zorba

Феенорд и Ливерпул до крајот на викендот ќе договорат отштета за ослободувањето на Арне Слот.

Според „Дејли мејл“ денеска повторно ќе има преговори, а очекувањата се се да се разјасни во рок од 48 часа.

Холанѓанецот во последните денови се наметна како јасен фаворит за менаџерската функција на „Енфилд“, а вчера и самиот потврди дека сака да го наследи Јирген Клоп и е уверен дека Феенорд ќе го пушти на „Енфилд“.

Според „Дејли Мејл“, најверојатно англискиот клуб ќе договори обештетување за Слот во висина од 10 милиони евра. Сепак, стручњакот сака со себе да земе двајца од својот тим. Тоа се неговиот помошник Сипке Хулшоф и Рубен Питерс. Така вкупниот износ на обештетувањето би достигнал околу 15 милиони евра.

Феенорд засега е против разделба со други членови од стручниот штаб покрај Слот, но очекувањата се дека ќе се постигне договор и за ова прашање.

Слични содржини