Старбакс (Starbucks) го забележа првиот пад на продажбата од 2020 година

од Milan1

Приходите од продажбата на Старбакс (Starbucks) паднаа за прв пат од 2020 година, па дури и кафињата по половина цена и „латето од лаванда“ не успеаја да ги привлечат потрошувачите кои се повеќе внимаваат на нивните домашни буџети.

Акциите паднаа за 13 отсто по објавувањето на резултатите, што може да биде најголем пад од март 2020 година и самиот почеток на пандемијата, пренесува „Блумберг“.

„Старбакс можеби го имаше најлошиот финансиски извештај од која било голема компанија што известуваше за овој квартал досега“, изјави аналитичарот Адам Крисафули.

Компанијата ги намали проекциите за раст на продажбата на ниски едноцифрени бројки и сигнализираше дека раст на профитот можеби нема да има.

На „Старбакс“ му е сè потешко да ги исполни очекувањата поставени од претходното раководство. Извршниот директор Лаксман Нарасимхан, кој е на функција нешто повеќе од една година, веќе неколку пати мораше да ги намали проекциите. Последните резултати покажуваат дека не е лесно да се продаваат лате за шест долари на некој што страда од постојана инфлација.

Компанијата забележа пад на продажбата од четири отсто, а аналитичарите очекуваа раст. Во Кина е забележан пад од дури 11 отсто. Бројот на купувања падна за шест отсто, а продажбата забележа пад во сите области каде

Компанијата планира да убеди повеќе клиенти да ја користат апликацијата и да се претплатат на програмата за лојалност. Според раководството, потрошувачите кои се претплатуваат на овие услуги почесто ја посетуваат кафетеријата.

Слични содржини