Избор Македонија ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Кичево, повредена 36-годишна жена од Куманово

Кичево/Охрид, 24. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти април 2024 година, во 21:20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило марка „Фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 60-годишно лице од Куманово, удрило во бетонска преграда од коловозот.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата 36-годишна сопатничка, исто така од Куманово, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево. информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука