Вести Македонија

Дијаспората гласа за претседател

Почна гласањето за претседател во дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП). Државата планира да потроши 800.000 евра за да им го овозможи избирачкото право на две и пол илјади иселеници. Поради слабиот интерес за пријавување, тие нема да може да гласаат за избор на пратеници.

Триесет и едно избирачко место во дипломатско-конзуларните претставништва ширум светот ги отвараат вратите за нашите иселеници или привремено вработени во странство. Гласањето се спроведува од 7 часот наутро до 19 часот навечер според локално време. Право на глас имаат 2.569 избирачи кои се пријавија во законскиот рок. Тие може да гласаат само во вториот круг од изборите за претседател. Во првиот круг имаше одѕив од само 39,59 одсто, што значи дека гласале 1.017 македонски државјани. На пример, во Мадрид се пријавиле 18, а гласале 7. Во Детроит, од 34 пријавени, дошле да гласаат 9. 

Гласањето на тие 1.000 граѓани ја чини македонската држава околу 800.000 евра. Толку пари се проектирани за транспорт, сместување и патни трошоци на избирачките одбори, а колку точно се потрошени ќе се знае по завршувањето на изборите. Трошоците ќе беа исти и доколку се организираше гласање за пратеници. Но, тоа е условено со регистрација на двојно повеќе гласачи, или најмалку 5.355.

За сите што не се пријавиле за гласање, а сега сакаат да го сторат тоа и се наоѓаат на Избирачкиот список, има уште една опција: може да дојдат во татковината и да гласаат во своето избирачко место, според адресата на живеење.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе