Половина милион лајкови: Салма Хајек ги воодушеви фановите со фотографија во бикини

Салма Хајек на својот Инстаграм објави фотографија на која позира во црни бикини и ги воодушеви своите фанови. На фотографијата која собра речиси половина милион лајкови, 57-годишната актерка позира во плитко, а во описот на фотографијата откри дека сликата ја направила нејзината 16-годишна ќерка Валентина.

„Секогаш е добро да се има фотограф во семејството“, се пошегува актерката, а некој во коментар ѝ одговорил: „Секогаш е добро да се има такво тело“.

Инаку, Салма често со обожавателите споделува видеа на кои знае да се пошегува на сметка на стареењето, како на пример видео во кое покажа трик со кој ја покрива седата коса за само неколку секунди.

Scroll to Top