• четврток, 09 мај 2024

Владата ја констатира оставката на Фатон Ахмети, за в.д. директор на ФЗО е именуван Асаф Абдурамани

Владата ја констатира оставката на Фатон Ахмети, за в.д. директор на ФЗО е именуван Асаф Абдурамани

Скопје, 15 август 2023 (МИА) - Владата на денешната седница ја констатираше оставката на Фатон Ахмети од позицијата директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, соопштија од владината прес-служба.

Претходно, Ахмети на својата страница на Фејсбук информираше дека си поднел оставка.

- Ве известувам дека денеска поднесов оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Ви благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување на оваа функција. Мојот ангажман ќе го продолжам фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на визијата на Али Ахмети, напиша Ахмети.

Владата го именуваше Асаф Абдурамани за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување. бд/са/

Фото: Владина прес-служба

Остани поврзан