Спорт
(Видео) „Покер“ на Палмер во мрежата на Евертон – се скара со соиграчите, па го стигна Халанд
Фудбалерите на Челси го декласираа Евертон со 6:0 во 33.коло, во Премиер лигата на Англија. Натпреварот во секој поглед го обележа Кол Палмер со четири гола. 20-годишникот на листата на најдобри стрелци во Премиер лигата се изедначи со Ерлинг Халанд. Двајцата имаат постигнато по 20 голови.
Првиот, и најубавиот гол на Палмер на натпреварот, го одбележа седмиот последователен домашен натпревар на кој тој постигнува гол. Палмер е првиот играч на Челси во историјата со ваков учинок.
Помеѓу 13. и 29. минута, Палмер го постигна својот втор последователен хет-трик на „Стемфорд Бриџ“.
Палмер малку си ја нагрди брилијантната партија во второто полувреме кога одби да му дозволи на Нони Мадуеке да изведе пенал. Во таа прилика го оттурна Џексон, кој топката му ја даде на Мадуеке тој да го изведе пеналот. На крајот пресуди капитенот Конор Галагер.
Палмер го изведе пеналот, постигна гол и се изедначи со Халанд во листата на стрелците, а реализираниот пенал беше негов деветти без промашување. Тоа е втора најдолга серија во историјата на Премиер лигата, пред него е само Јаја Туре (11).
Челси во наредното коло ќе игра против Арсенал, а Евертон против Нотингем Форест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал Мадрид урна еден клупски рекорд и израмни уште еден
Реал Мадрид со победа од 5:0 постави клупски рекорд по бројот на одиграни натпревари без примен гол во натпреварот од 36. коло на шпанскиот шампионат. До крајот на сезоната има уште два првенствени натпревари, а со тоа и можност рекордот да биде подобрен. Исто така, играчите на Реал го израмнија рекордот по број на последователни првенствени натпревари без пораз.
Досегашниот рекорд на 122-годишниот европски гигант беше 19 првенствени натпревари без примен гол. Толку пати играчите и голманите на Реал ја зачуваа својата мрежа во сезоните 1986/87, 1987/88. и 2019/20.
На две кола пред крајот Реал има скор од 29 победи, шест нерешени и еден пораз. Тој пораз од 1:3 беше претрпен на почетокот на сезоната од Атлетико Мадрид во септември.
Потоа врза 30 натпревари без пораз.
Реал последен пат имаше ваква серија во 1989 година. Тој во моментов е во серија која беше изградена на 24 победи и шест нерешени која беше клучна за 36-та титула на Реал во шпанската лига.
Спорт
Сензација во Купот на Романија – второлигашот го освои трофејот
Романскиот второлигаш Корвинул Хунедоара е сензационален освојувач на Купот на таа земја и следната сезона ќе игра во квалификациите за Лига Европа.
Корвинул во финалето го совлада Оцелул Галати од првата лига по подобро изведување пенали (3:2). Во регуларниот дел од натпреварот резултатот беше 2:2.
Два гола за Оцелул постигна Aнес Рушевиќ во 27. и 58. минута од пенал, и двата пати за водство на фаворитот.
Сепак, упорните играчи на Корвинул одбија да го кренат белото знаме, Коман израмни на 1:1, па Манолас на 2:2.
Овој клуб е основан во 1921 година, четири пати во својата историја бил првак во втора лига, најдобар резултат во романскиот шампионат му е третото место во 1982 година, а сега е сопственик на првиот трофеј.
Успехот во купот на Корвинул му донесе пласман во Лига Европа.
Корвинул следната сезона ќе игра во првата лига, откако во последното коло од второлигашкиот плеј-оф успеа да избори место во највисокиот ранг на романскиот фудбал.
Спорт
Руни: Јунајтед да го задржи Бруно и младите, а другите да ги избрка од клубот
Манчестер јунајтед одигра уште една лоша сезона. Расположението може малку да го поправи евентуалната победа над Манчестер сити во финалето на ФА Купот. Доколку тоа не се случи великанот од „Олд Трафорд“ уште една сезона ќе заврши без трофеј.
Најдобриот стрелец во историјата на клубот Вејн Руни (253 гола) откри што би направил за да му ја врати славата на клубот.
„Тимот треба да се изгради околу Бруно Фернандеш. Тој е квалитетен и борбен. Што се однесува до другите играчи, тие треба да заминат. Бруно и младите треба да се задржат. Мора да има огромна чистка. Тоа не може да се направи во агодина, но тоа може да се случи во годините што доаѓаат“, рече Руни.
„За да се натпреварувате во оваа лига, ви требаат добри играчи. Не ме сфаќајте погрешно, овие се добри. За да се борите со Манчестер сити, Арсенал и Ливерпул, потребни ви се подобри“, додаде легендата на клубот, освојувач на 16 трофеи со Јунајтед.