Воска ја “потона” Брегалница во Охридското Езеро, Шкупи во финишот се спаси само за бод!

фото: М Нет-ТВ

Во рамки на 29. коло од Првата лига, Воска Спорт на “Билјанини Извори” триумфираше над штипска Брегалница со резултат од убедливи 4:0.

Охриѓани резултатот го отворија преку Ален Јашароски за 1:0. Не требаше многу за Јашароски да постигне втор гол за 2:0.

Поради принудна измена кај домашниот тим, Фатјон Јусуфи беше повлечен од игра, а влезе Бобан Георгиев кој погоди против својот поранешен клуб за 3:0 на полувреме.

Во финишот на вториот дел најдобриот голгетер Алекса Марушиќ постигна гол за конечни и убедливи 4:0.

Во Турново на “Кукуш” се соочија Брера Струмица и Вардар каде домашниот тим со 2:0 запиша голема победа и стават веќе печат на директниот опстанок, а до победата струмичани стигнаа со головите на Цветаноски и Ивковиќ.

Шкендија во дербито со Гостивар славеше со 4:1. Домашниот тим со два брзи гола на Шала дојде до 2:0. Адеми зголеми на 3:1, а пак Кехинде намали на 3:1, а во финишот за 4:1 погоди Чинари.

На Чаир се соочија Шкупи и Тиквеш каде домашниот тим во финишот се спаси за голема победа од 3:2.

Воша погоди за домашниот тим, а Аворнуо беше двоен стрелец. Спахиу за гостинот двапати погоди.

Шампионот Струга дома играше со Силекс и загуби со 2:3. Ибраими и Радески погодија за шампионот, а Игнатов беше двоен стрелец за гостинскиот тим од Кратово, а еден гол даде и Каланоски.

Работнички на Националната арена против Македонија ЃП ремизираше играјќи 1:1. Билали погоди за домаќинот, а за гостинот Ларсон.

Александар Ванев, М-Нет