Последни подготовки за 1 мај, некогаш во природа со песна, денеска во вили со потесното семејство

По повод претстојниот празник.1 мај денот на трудот, штипјани ги прават последните подготовки за неговото прославување. За М-Нет телевизија изјавија дека порано почесто се славело во природа со повеќе луѓе, додека пак сега во кругот на семејството. Децидини се дека и високите цени се пресудни, и неприуштиливи за секого.

„Дома ќе го прославме, со маж ми сами сме децата ми се у Англија. Само да сме живи и здрави, Господ нека ни дава здравје и убавина на децата и они да ми се живи и здрави и ние. Па има некои месото е 590, така мислам дека е јагнешкото месо, има непти у пазаро покачено ама прилично се исти. И патлиџано 100, 120 пиперо салата 30-25 зависи„

Граѓаните децидини дека порано подобро се славел празникот, во подобра атмосвера, по неколку дена. Но, понекогаш и со играње, пеење. Додека пак денес поголемиот број одат по викендици, вили.

„ Едно време одевме таму од вечер , спиевме, шатори, по 2-3 дена спиевме скари правевме. Едно време повеќе се славеше тај празник, ден на трудо и сега само еден се на први мај, мислам се славе ама па луѓето одат натаму наваму, ама не е толку масовно како шо е било тогајта да отидеш на осми нема дека да седнеш, горе па у Сутлако едно време горе со магарињата со тоа носат тави, ориз тапани, музика имаше у тоа пчеларнико горе у Сутлако. Ама минаа тие времиња сеа друг начин, одат си имат си виекндици па вили па одат у Дојран, ваму онаму, ама па има кои шо си одат кој шо си може одат тоа помладите ние веќе стари сме Па шо знам еден од онај пат вика ногу скапо на пазаро, фана се у пиперките 220 денара, кога си јадел ти пиперки овоа време„

„Па ќе го прославеме како до сега шо го славеме ни подобро ни полошо. Уствари полошо, подобро не бива. Оти ние веќе направимњ 90 години и затоа на млади години како ќе го искараш празнико, на стари не е исто. Едно време имаше играње пеење , се ама сеа некако не докараа у ќоше да не можеш ни лево ни десно. Цените никогаш не се биле подобри од сеа, нели секој се радува детето да се роде и да порасне, секој се радува коа му иде напредно детото коа расне исто така и ние за цените.

Граѓаните успееја да се пристетат на старите спомени, да се навратат во едни стари добри времиња кога луѓето биле посполетни и празникот се славел со неколку дена со песни и игри, кои за жал не можат да се повторат.

Лаура Стојанова М-Нет