Вести Македонија Топ вести

Во ДИК пристигнат само еден приговор за постапката за гласање во Липково

До Државната изборна комисија (ДИК), по завршување на гласањето за претседателските избори, пристигнал само еден приговор за гласање во Липково.

Приговори, пак, за постапката за сумирање и утврдување на резултатите, исто така, може да се поднесат во рок од 48 часа, но по објавувањето на првичните резултати. Тоа, како што веќе соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски, тој рок истекува вечерва во 19 часот.

Даштевски рече дека ДИК е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Против одлуката на ДИК подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

Државната изборна комисија конечните резултати од изборите ќе ги соопшти веднаш, а најдоцна во рок од 24 по завршувањето на целата постапка по приговорите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно со сончеви периоди и локална нестабилност – Временска прогноза за 20.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе