„ПСЖ славеше кога за противник ја доби Борусија Дортмунд“

Поранешниот француски репрезентативец Самир Насри, го критикуваше ПСЖ поради тоа што не успеа да се пласира во финалето на Лигата на шампионите, иако против себе има, како што го нарече Насри тимот на Борусија, „просечна екипа“.

Сепак, Насри призна дека ПсЖ не бил добар и не играл како што треба за да дојде до пласман на едно финале во најелитното фудбалско натпреварување.

„Немам зборови, не беше добар ПСЖ, не играше како што треба. Недостасуваше агресија, се чинеа премногу бавни во преодните фази. Сега ќе се обидат да ни го прикажат Дортмунд како голем тим, но тие се просечна екипа. Сите во ПСЖ славеа кога ја добија Борусија за противник. ПСЖ требаше да стигне до финалето со оглед на тешкотиите на противникот, кој игра лошо во домашниот шампионат, но не го најдоа рецептот. ПСЖ не направи ништо“, изјави Насри.

Се вчитува...