Македонскиот денар како платежна валута слави 32 години, реализиран настан на УГД Штип

Македонскиот денар како платежна валута слави 32 години. По тој повод денека на Екомонскиот факултет при УГД Штип се одржа предавање на кое студентите можеа да се запознаат со почетоците на македонскиот денар и неговата стабилност како платежна валута. За разлика од економската ситуација во државата, денарот е стабилна валута која поминала низа препреки во минатото.

„Денот на денарот е денот на македонското монетарно осамостојување и ја воведуваме единицата денар за основна платежна валута во Македонија. Денарот повеќе години ја држи својата стабилност и помина повеќе препреки во кои остана стабилен како валута. Монетарната власт е една од најстабилните институции во областа на финансиите која ја одржува стабилноста на денарот, а преку тоа и стабилноста на целокупната економија во државата.“ – вели Давчев.

Дополнително студентите имаа можност да проследат презентации од преставници од банки со цел да се запознаат со професијата банкар.

„Ни преставува особена чест што сме денес заедно со студентите и имаме прилика пред нив да го презентираме нашето теоретско и практично знаење. Ќе се обидеме со интерактивен начин и вклучување на студентите да им ја доловиме професијата банкар.“ – велат од банката.

Големиот број банки во држаавата е една од причините пореди кои расте интересот кај младите за изучување на професијата банкар.

Лаура Стојанова М-Нет