Премиерна изведба на театарската претстава Хеда Габлер во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде изведена театарската претстава Хеда Габлер.

Автор: Хенрик Ибзен
Режисер: Васил Христов
Адаптација: Викторија Рангелова – Петровска и Васил Христов
Сценограф: Васил Христов
Костимограф: Роза Трајческа – Ристовска


Играат:
ХЕДА ГАБЛЕР ТЕСМАН – Сања Арсовска
СУДИЈАТА БРАК – Зоран Љутков
ЈЕРГЕН ТЕСМАН – Владимир Петровиќ
ЕЈЛЕРТ ЛЕВБОРГ – Дениз Абдула
ГОСПОЃА ЕЛВСТЕД / ЈУЛИЈАНА ТЕСМАН – Сара Климоска

Инспициент: Жарко Намичев


Во 1890 година Хенрик Ибзен ја скандализира театарската јавност и воопшто естаблишментот, создавајки уште еден женски лик кој отстапува од востановените општествени норми. Хеда Габлер како една од најпознатите (анти)хериоини во драмската литература одигрува значајна улога во подигнување на свеста за женските прашања. Ибзен создава женски лик кој одбива да живее и да им служи на конвенциите на патријархалното општество.

Нејзината борба за автономност и потрага по совршенство како и нејзината амбиција да поседува „машка моќ“ да може да влијае како врз сопствената така и врз судбината на другите, резултира со убиство на самото совршенство. Нејзиниот чин остава трага кој ја симболизира борбата за родови права и еднаквост.


Драмскиот текст „Хеда Габлер“ , низ годините, многупати е поинаку режисерски толкуван и читан, драматуршки адаптиран, структурно видоизменуван, користен како мотив од автори вљубеници во неговото дело. Драмскиот материјал отвара можности внатре во него да се интервенира во согласност со современите театарски концепти, читања, толкувања условени и од општествените промени кои неминовно се случуваат. Денес кога менталното здравје, кризата на идентитет и морално-етичките норми се во фокус на интерес, драмата и Хеда Габлер како (анти)хероина стануваат дополнително актуелни и ги рефлектираат проблематизираните состојби во современото општество.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …