Вести Свет

Започна судењето на поранешниот сириски генерал во Шведска

Денеска во Стокхолм, започна судењето на поранешниот сириски генерал, Мохамед Хам, поради наводни сомневања дека учествувал во воените операции за време на граѓанската војна.

Тој во февруари е обвинет поради вршење на кривични дела, во делот на меѓународното право, а Обвинителството го назначи како ,вршење на ,,тешко кривично дело”.

Обвинетиот Хам, во јули 2012 година, преминал на страната на опозицијата, која уште од тоа време се бори за соборување на арапскиот претседател Башар Асад.

Тој пред неговото апсење, живеел во Шведска се до декември 2021 година, кога бил обвинет за  злосторствата во Сирија. Судот тогаш го затвори, но по два дена беше пуштен на слобода, бидејќи немаше доволно докази за да го задржат.

Судењето во Окружниот суд во Стокхолм се предвидува да трае 18 дена, а последното рочиште е закажано за 21 мај. Останува да видиме каква одлука ќе донесе тамошниот суд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе