Шведската модна компанија H&M ги отвора вратите на својата втора продавница во Скопје, во Diamond Mall, на 20 октомври, во 11:30 часот. H&M ќе понуди модна инспирација за целото семејство на површина од 1.800 m2
На денот на големото отворање и до недела, 22 октомври, клиентите ќе имаат можност да добијат 15% попуст на целокупната сметка, и ваучер со 20% попуст на еден производ по нивен избор, кој може да се искористи во сите продавници на H&M во Скопје помеѓу 6 и 10 ноември. Дополнително, првите 100 клиенти ќе освојат подарочни картички во вредност од 650 денари.
H&M ќе го прослави отворањето со возбудливи активности и изненадувања за целото семејство! Амбасадорите на H&M и специјалните гости ќе ги дочекаат клиентите заедно со DJ Dimish & Emi Ermilova кои ќе ни донесат атмосфера на специјалниот ден, додека боење на лицето и многу забавни активности ги чекаат децата.
Продавницата на H&M ќе понуди модерно и пријатно искуство на клиентите, преку широк асортиман на облека за жени, мажи, тинејџери и деца, како и додатоци. Работните часови ќе бидат од понеделник до сабота, од 10:00 до 22:00 часот, а во недела и празници од 10:00 до 20:00 часот.
Нема коментари