Руски воен авион се урна во морето во близина на Крим

121

Руски воен авион се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, изјави гувернерот на тој регион, кој беше назначен од Русија.

Според Ројтерс, врз основа на информации од теренот, пилотот безбедно се катапултирал и бил спасен, пренесува Ројтерс.

Цивилните згради не се оштетени, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев.

Претходно рускиот канал Телеграм објави дека руски борбен авион Су-35 се урнал во близина на Севастопол.

Не е јасно што го предизвикало инцидентот.